Аманетот на Џеј: Кога ќе умрам, нека трешти музика

од Stefanija Kuzmanovska

„Кога ќе умрам, нека трешти музика. Немојте некој да плаче, да ме жали. Само пејте и веселете се. Одма да отидете во кафана и да се напиете виски. Кој ќе плаче, тој не ме почитува“, со овие зборови им се обратил Џеј на своите пријатели пред десетина дена.

Како да предвидел дека наскоро ќе мора да се збогува со сите нив, легендарниот Џеј буквално им објасни на своите долгогодишни пријатели, Зоран Јагодиќ Рулет и Миша Совтиќ – што никако не сака да се случи, откако ќе го нема.

„Седевме, пред околу десетина дена, и сè уште ја имам таа слика во мојата глава, како се заканува со прстот и вели:„Кога ќе умрам, нека трешти музика. Немојте некој да плаче, да ме жали. Само пејте и веселете се. Одма да отидете во кафана и да се напиете виски. Кој ќе плаче, тој не ме почитува“.  Му рековме – важи брате, сè е во ред, повеќе како шега, бидејќи никој не се ни сомневаше дека по десет дена навистина ќе го нема. Тешко му е на мозокот да го сфати тоа“, вели пријателот на Џеј, Руле.

Баш како што тој сакаше, неговите пријатели ќе ја му ја исполнат неговата последна желба, освен една – да не заплачат.

Слични содржини