Аманпур објави дека има рак

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата новинарка на американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен, Кристијан Амампур објави дека и е дијагностициран карцином на јајници.

Аманпур (63), една од најпознатите новинарки во светот, позната и по пристрасно известување за време на војните во поранешна Југославија, не се појавува во програмата во последните четири недели поради нејзината дијагноза.

– Имав успешна операција за отстранување на карциномот, а сега минувам низ неколкумесечна хемотерапија за најдобра можна долгорочна прогноза – рече Аманпур.

Според веб-страницата на нејзината медиумска куќа, таа посочила дека ракот на јајниците е премногу чест и погодува милиони жени ширум светот.

Таа ја истакна важноста на раната дијагноза и ги повика сите жени да се едуцираат за оваа болест, да одат на редовни прегледи и секогаш да го слушаат своето тело.

Јавувајќи се од нејзиниот дом во Лондон, таа рече дека е среќна што има здравствено осигурување, како и одлични лекари кои ја лекуваат во Велика Британија.

Слични содржини