Актуелно
Почетна / Магазин / Наука и технологии / Amazon ја проширува својата бесплатна услуга за стриминг на музика

Amazon ја проширува својата бесплатна услуга за стриминг на музика

Amazon објави дека ја проширува својата бесплатна услуга за стриминг на музика, која вклучува реклами и веќе нема да биде достапна само преку уредите Alexa.

Понудата сега е достапна преку апликацијата Amazon Music за Android, iOS и Fire TV, но само за корисниците во САД, Велика Британија и Германија.

Тие сепак ќе бидат ограничени на слушање на плејлисти и станици, на база на одредени критериуми.

Amazon ќе ја искористи бесплатната понуда за да ги охрабри корисниците да купуваат претплати на Prime или Amazon Music Unlimited.

loading...