Актуелно
Почетна / Магазин / Наука и технологии / Amazon ќе воведе технологија за препознавање купувачи преку нивната дланка

Amazon ќе воведе технологија за препознавање купувачи преку нивната дланка

Гигантот Amazon планира да воведе технологија за препознавање купувачи во своите продавници „Amazon Go“ по карактеристиките на нивните дланки. Ова е побрз метод од идентификација на паметниот телефон, кој исто така бара преземање на апликацијата на уредот на корисникот.

Новата технологија за идентификација сега е патентирана и ќе овозможи купување во Amazon Go со едноставно скенирање на дланката на клиентот. Според публикациите во американските медиуми, Amazon развива терминал за скенирање на дланката на сопствениците на банкарски картички. Такви терминали можат да се инсталираат на локации со голем проток на клиенти.

Проектот е во раните фази на развој, но „Вол Стрит Журнал“ велат дека Amazon веќе има склучено договори со компании како Visa, JPMorgan Chase, Wells Fargo и Synchrony Financial.

Експертите велат дека доколку имплементира систем за плаќање со дланка, Amazon ќе може да се потпре на огромната база на клиенти за продавниците на Amazon Go. Сепак, пред да го пушти системот, компанијата мора да им докаже на регулаторите дека е целосно безбедна.

loading...