Амбасада на Русија во Црна Гора: Ова е непријателски чин, ја суспендираме работата на конзулатот

од Vladimir Zorba

Руската амбасада во Црна Гора вечерва се огласи за денешните настани при кои шест нивни дипломати беа прогласени за „персона нон грата“.

Како што рекоа, поради „непријателското однесување на црногорските власти“ од утре ја прекинуваат работата на конзуларното одделение.

„Во врска со непријателското однесување на црногорските власти кон Амбасадата на Русија во Црна Гора, работата на конзуларното одделение е прекината од 30 септември на неопределено време“, посочуваат во вечерашното соопштение.

Тие им препорачуваат на руските граѓани во Црна Гора „да контактираат со амбасадите на Русија во соседните земји“.

Слични содржини