Амбасадорите на ЕУ усвоија нови ограничувања за патниците од земјите надвор од ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Денес, амбасадорите на земјите од Европската унија (ЕУ) усвоија нови ограничувања за патниците од земји надвор од Унијата, а меѓу тие мерки, задолжителен е негативен тест за коронавирус во борбата против епидемијата на тој вирус.

ЕУ ги затвори своите надворешни граници во март 2020 година, а во јуни направи список, кој редовно се ревидира и се однесува на патници од земји надвор од Унијата, кои не можат да патуваат во ЕУ, ако се оцени дека патувањето не е апсолутно потребно.

Некои земји, како што е Франција, ги затворија своите граници во неделата, освен за итни патувања.

Договорот на амбасадорот допрва треба да биде одобрен од земјите-членки на ЕУ. Договорот предвидува нови критериуми за влез на граѓани од земји надвор од ЕУ.

Земјите од кои доаѓаат патниците мора да имаат стапка на инфекција со коронавирус помала од или до 25 новоинфицирани на 100.000 жители за 14 последователни дена.

Исто така, мора да се земе предвид присуството на други видови на коронавирус од земјите каде патниците пристигнуваат на територијата на ЕУ, се додава во договорот на амбасадорите на ЕУ.

Слични содржини