Амбасадорката Брнз со пофалба до МВР: Одличната соработка продолжува

од Nikola Popovski

Денеска министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз, на која се разговараше за последните акции на МВР и тековната техничка помош на САД за поддршка на Министерството. Министерот Спасовски се заблагодари за техничката поддршка што МВР ја добива од амбасадата на САД, што  многу придонесува за успешни резултати во работата на полицијата. Амбасадорката Брнз го истакна значењето на неодамнешните акции во борбата со криминалот.

На состанокот се разговарало за техничката помош која Амбасадата на САД континуирано ја дава на МВР, во јакнење на капацитетите на полицијата, преку програмите ИЦИТАП и АТА

„Во изминатите три децении, МВР и Амбасадата на САД соработуваа со цел да се постигнат заедничките цели во спроведувањето на законот и владеењето на правото, вклучително и обезбедување техничка и форензичка поддршка за конкретни случаи и обука и опрема за зајакнување на капацитетите на МВР. Сите овие активности придонесуваат за зголемена безбедност, поголема транспарентност и можност за истраги и гонење на корупција, тероризам, како и случаи на транснационален и организиран криминал“, посочиле соговорниците.

Слични содржини