Амбасадорот на Австрија лут: Со ЕУ знаменце не смее да се донесе неуставен закон за игри на среќа

од Vladimir Zorba

Четири члена од Уставот на Република Северна Македонија се прекршуваат со контроверзните измени на Законот за игри на среќа, кој Владата сака да го донесе злоупотребувајќи ЕУ знаменце. Остра реакција на австрискиот амбасадор Георг Вуцас до Владата и пратениците откако измените на регулативата за игри на среќа стигнаа во законодавниот дом.

„Актуелните одредби ги нарушуваат темелните вредности на уставниот поредок во член 8 од Уставот на Република Северна Македонија, т.е. владеење на правото, слобода на пазарот и претприемништво, почитување на општоприфатените норми на меѓународното право“ – пишува Вуцас.

Амбасадорот во писмото потенцира дека измените на Законот кои што ги предлага Владата се косат и со други членови од Уставот – членот 51 каде е регулирано дека сите закони мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Вуцас наведува дека измените на регулацијата се спротивни и со членот 52 од Уставот во кое е регулирано дека законот не може да има ретроактивно дејство, а се косат и со членот 59 кој гласи:

„На странските вложувачи им се гарантира правото на слободно изнесување на вложениот капитал и добивката. Правата стекнати врз основа на вложениот капитал не можат да се намалуваат со закон или друг пропис“.

Вуцас укажува дека владеењето на правото ги опфаќа сите институции и процеси, a исклучително е важна одговорноста што ја има законодавниот дом.

Слични содржини