Амбасадорот на ЕУ, Гир во посета на Охрид: Како да се зачува статусот „Природно и културно наследство“?

Во посета на Охрид, денес ќе биде амбасадарот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, чија цел е разговор за тековните напори да се сочува статусот кој Охрид го има во УНЕСКО, односно „Природното и културно наследство“, кое датира од 1979. година.

За таа цел, Гир како што соопшуваат од неговите канцеларии, ќе оствари средба во Охрид со градоначалникот, Константин Георгиевски, но и со претставници на Министерството за култура и од граѓанските здруженија за да разговара за загрозениот УНЕСКО статус и за конкретните чекори што треба да се преземат за зачувување на природното и културното наследство на охридскиот регион.

Во таа насока, амбасадорот Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на општинската организација на Црвен крст во Охрид Сашо Точков ќе ја претстави опремата за зимско спасување што беше обезбедена во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Албанија што се финансира од ЕУ.

„Посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ ќе се организира во Охрид за да се нагласи важноста на заштитата на статусот на Исклучителна универзална вредност што му беше доделен на регионот од страна на УНЕСКО за неговите природни вредности и за разновидноста на културното, материјалното и духовното наследство. „ЕУ со ТЕБЕ“ вклучува теренска посета на Охрид и стариот дел од градот и средба со градоначалникот на Охрид за да се разговара за предизвиците со коишто се соочуваат засегнатите општини (Охрид, Струга и Дебрца), како и за потребата од зајакнато вклучување на заедницата, целосна посветеност на земјата и координиран пристап како на централно, така и на локално ниво“, пишува во соопштението од прес службата на амбасадарот Гир.

loading...

Слични содржини