Амбасадорот Талески ги предаде акредитивните писма на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Денес, на 18 јануари, 2021 година, амбасадорот и постојан претставник на Република Северна Македонија во НАТО д-р. Дане Талески, ги предаде акредитивните писма на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Церемонијата се одржа во седиштето на НАТО, согласно протоколите за заштита од коронавирусот. По церемонијата, следеше состанок на амбасадорот Талески со Генералниот секретар Столтенберг.

Со предавањето на акредитивните писма и официјално започнува мандатот на Амбасадорот Талески како прв постојан претставник на Република Северна Македонија откако нашата држава стана 30та полноправна членка на НАТО на 27 март 2020 година.

Членството во НАТО на Северна Македонија е реализација на стратешка цел и реализација на еден од најважните надворешно-политички приоритети на државата што придонесе кон подобрување на стабилноста и безбедноста на државата, со позитивни импликации на целиот регион.

Членството во НАТО е суверена одлука на Република Северна Македонија зацртана со едногласна одлука на Собранието во 1993, за која што секогаш постоел широк и силен меѓуетнички и надпартиски консензус.

Слични содржини