Амбасадорот Тимоние: Новогодишна желба ми е датум за ЕУ(ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Датум за почеток на преговори со Европската Унија е новогодишната желба на францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тимоние во интервју за ТВ24 открива дека кога пристигнал како дипломат во Македонија затекнал земја која се гуши, денеска престојува во земја која дише слободно, понекогаш се лути, честопати е критикувана, но е на вистинскиот пат за влез во европското семејство.

Гаранција за датум оваа пролет нема, но она што мора да се заврши се реформите и борбата со корупцијата, вели амбасадорот.

Слични содржини