Амбер Херд ги разбесни адвокатите на Џони Деп

од Vladimir Zorba

Поранешната сопруга на Џони Деп – Амбер Херд, пристигна на судското сослушување во текот на викендот, свикано токму поради неа. Таму таа мораше да ги образложи обвинувањата за физичко и психолошко малтретирање, кое според нејзините зборови било извршено од капетан Спероу.1c1486dfac5b47bbca29c7038b43abe4

30-годишната убавица задоцни  90 минути и го одложи депонирањето на обвинувањата и сериозно ги разбесни адвокатите на Деп, како и правните експерти.

За жал, Џони, дури и да се налути, не може да пристапи до Амбер и да зборува лично, бидејќи судот има издадено забрана за приближување.

Амбер Херд пристигна со задоцнување во адвокатска канцеларија на семејниот адвокат Лаура Васер во центарот на Лос Анџелес, Калифорнија. Поранешната сопруга која адвокатите на Џони ја прогласија за лажга, беше изнесена со елегантно возило до адвокатската канцеларија кон 11.30 по локално време, пренесува People.

Во интерес на вистината сослушувањето било закажано и одложувано неколку пати. Адвокатите на Деп сугерираат дека Амбер цели кон пиратскиот новчаник на Џони.Правниците очекуваат таа да побара компензација за нанесеното малтретирање кое граничи со апсурдот.

Капетан Џек исто беше сослушан во саботата зад затворени врати. Информации од средбата не се пријавени пред медиумите, за да не биде саботиран случајот. По повод последното, пред повеќе од една недела адвокатите на Џони ѝ се заканија на Амбер дека ако не ја затвори устата, ќе биде казнета со 100 илјади долари за попречување на случајот.

Слични содржини