Амбер Херд ја продаде куќата, поради Деп влезе во финансиски проблеми

од Nikola Popovski

По скандалозниот развод, актерката ја отпиша својата холивудска кариера и наиде на финансиски проблеми.

Откако таа го загуби случајот против нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп, судот пресуди дека таа е должна да му плати 10,4 милиони долари.

Бидејќи веќе нема приходи од глума, таа е во ситуација да мора да се снаоѓа. Сега таа одлучи да ја продаде својата куќа во Јужна Калифорнија за 1 милион долари, пишува „TMZ“. Овде заработила затоа што наводно ја купила за 570.00 долари. Куќата има три спални соби, три бањи, гаража за три автомобили, ЛЕД осветлување низ целата куќа, како и дрвен мост во дворот на куќата.

Оваа куќа стана контроверзна кога судијата го најде сомнително нејзиното купување преку фондацијата. За овој нејзин недвижен имот не се знаеше толку многу се додека во гостувањето отворено не кажа каде живее, а сето тоа во периодот кога случајот Деп-Херд ги полнеше таблоидите.

Амбер е во тешка финансиска ситуација и неодамна беше видена како купува во продавници со подобри цени, а претходно нејзиниот адвокат потврди дека нема пари да му плати на поранешниот сопруг. Една од нејзините идеи да заработи пари била наводно да напише книга во која ќе ја прераскаже својата страна од приказната во врска со нејзината врска со Деп, како и процесот на судење.

„Dirt.com“ пишува дека купувачите платиле во готово, дека се работи за брачен пар кој не е познат. Странските медиуми објавија дека Амбер моментално живее во Хемптонс.

Слични содржини