Амбер Херд наскоро би можела повторно да заврши на суд поради оваа причина

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Амбер Херд би можела повторно да се најде на суд, откако неодамна ја загуби битката со поранешниот сопруг Џони Деп, кој ја тужеше за клевета.

Имено, Австралија ги истражува наводите за лажно сведочење против актерката во случајот со нелегално внесување на нејзините две кучиња во земјата во 2015 година.

„Одделот за земјоделство, вода и животна средина ги истражува наводите за лажно сведочење од страна на г-ѓа Херд за време на судската постапка во 2015 година за нелегално увоз на нејзините две кучиња во Австралија“, рече портпаролот на австралиското Министерство за земјоделство, вода и животна средина, пренесе „Курир“.

Деп и Херд сè уште беа во брак во 2015 година, кога таа ги донесе нивните две кучиња, Пистол и Бу, во Австралија без пријава, и покрај строгата политика на карантин во земјата.

Јоркширските териери не поминале царина и не биле предмет на десетдневен карантин.

Слични содржини