Амбер Херд поднесе жалба на пресудата за клевета

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Амбер Херд официјално поднесе жалба на пресудата за клевета против поранешниот сопруг Џони Деп, една недела откако судијата го одби нејзиното барање за ново судење.

Адвокатите кои ја застапуваат Амбер Херд вчера поднеле жалба во окружниот суд Ферфакс во Вирџинија, пишува „Дејли мејл“.

На почетокот на овој месец, адвокатскиот тим на актерката поднесе барање за ново судење, тврдејќи дека пресудата не е поткрепена со докази. Адвокатите тогаш рекоа дека еден од поротниците не бил соодветно проверен и се прашуваа дали тој поротник воопшто требало да биде на судењето.

Судијата Пени Аскарате го отфрли првото барање во пресудата на 13 јули, откако не пронајде „докази за измама или неправилности“.

За жалбата да биде одобрена овој пат, Херд најверојатно ќе треба да докаже дека имало грешки во судењето или дека судијата не го почитувал законот.

Слични содржини