Амбер повторно го нападна Деп: „Тој страда од еректилна дисфункција“

од Stefanija Kuzmanovska

Иако судот во Вирџинија донесе одлука пред два месеца, каде актерката беше обвинета за клевета, Херд продолжува да ги изнесува деталите од бракот со холивудската ѕвезда.

Познатиот актер Џони Деп се уште е мета на разни обвинувања од поранешната сопруга.

Имено, во странските медиуми сега се појавија информации за нивниот сексуален живот за време на бракот.

Според адвокатите на Амбер Херд, Деп страда од еректилна дисфункција, поради што наводно сексуално ја нападнал поранешната сопруга.

„Иако г-дин Деп би сакал да не ја открие својата состојба со еректилна дисфункција, таквата состојба е апсолутно релевантна за сексуалното насилство, вклучувајќи го гневот на г-дин Деп и употребата на шише со кое Херд била силувана“, стои во документот од 28 март, пренесе „Дејли мејл“.

Според тврдењата на адвокатот на актерката, здравствената состојба на Џони Деп придонела за неговото наводно насилно однесување кон поранешната сопруга, поради што таа го тужела. Адвокатскиот тим на Херд тврди дека токму овој здравствен проблем на актерот го натерал да се „налути или вознемири“, што подоцна го довело до бес и агресија.

„Тоа го нареков лут секс што Џони не можеше баш да го изведе во целост“, рекла Амбер, додавајќи:

„Ме фрлаше на креветот, тоа го правеше неколку пати и бесно се нафрлаше по мене“.

Исто така, актерката изјавила дека Деп поминувал многу време со своите пријатели, и дека пиел со нив, а во неговата околина често биле и нејзиниот татко Дејвид Херд, како и популарниот музичар Мерлин Менсон. Откако конзумирал алкохол, како што тврди Херд, актерот станувал „уште посексуално и вербално насилен“.

Амбер истакна дека самата се финансирала додека била во брак со холивудската ѕвезда, иако тој инсистирал тој целосно да се грижи за неа.

„Џони сакаше целосно да ме поседува“, тврди Амбер.

Слични содржини