АМЕРИКА ДОБИВА УШТЕ ЕДНА ДРЖАВА: Администрацијата на Бајден одлучна кој ќе ја добие 51 sвезда на знамето на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Администрацијата на Бајден му даде поддршка на Вашингтон, кој стана 51-ва американска држава.

Во изјавата издадена во вторникот, Белата куќа недвосмислено понуди одобрување на HR 51, законот за прием во Вашингтон.

„Премногу долго, повеќе од 700.000 луѓе во Вашингтон беа лишени од целосна застапеност во Конгресот на САД. Ова оданочување без застапеност и негирање на самоуправување е навреда за демократските вредности врз кои се темели нашата нација“, се вели во соопштението.

Според HR 51, Вашингтон ќе стане држава, а федералната влада би одржувала област во таа држава како седиште на владата во САД.

Администрацијата на Бајден тврди дека воспоставувањето на „државата Вашингтон, државата Даглас Комонвелт како 51-ва држава, ќе ја направи нашата Унија посилна и поправедна“.

Слични содржини