Америка ги дава ловците Ф-35 на Грција, наместо на Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Соединетите држави одлучија да ги продадат борбените авиони Ф-35 наменети за Турција на својот противник – Грција, пренесува „Сити тајмс“.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одлета во Атина за да разговара за ова прашање. Планирано е да бидат испорачани вкупно 20 авиони, од кои шест претходно беа наменети за Анкара. Грција исто така ќе купи шест ловци „Рафал“ од Франција.

Оваа тема веќе се дискутира во американскиот Сенат, откако турската страна купи анти-воздушни ракетни системи С-400 од Русија. Соединетите држави размислуваат и за преместување на американската воена база „Инџирлик“ од Турција на островот Крит.

Претходно во октомври, портпаролот на американскиот Стејт департмент Морган Ортегус ја предупреди Турција на сериозни последици доколку купи руски ракетни системи С-400. Според неа, Вашингтон се надева дека системите нема да се користат, и тоа го стави јасно до знаење.

Тестовите на руските системи за противвоздушна одбрана се одржаа на 16 октомври во Турција. Беа лансирани три ракети кои успешно пресретнаа три цели. Се претпоставува дека целите на турскиот С-400 „Триумф“ биле беспилотни летала „Банше“ од британско производство.

loading...

Слични содржини