Америка го одобри првиот лек против Алцхајмеровата болест

од Stefanija Kuzmanovska

По 20 години истражување,  денес е одобрен првиот лек против Алцхајмеровата болест во САД.

Лекот наречен Адуканумаб е насочен кон основниот предизвикувач за Алцхајмеровата болест, наместо вообичаениот ефект врз симптомите.

После Америка, употребата на лекот е планирана и во Велика Британија, каде најмалку 100.000 луѓе се погодни за терапија. Сепак, одобрувањето на британскиот регулатор може да трае повеќе од една година.

Адуканумаб е насочен кон амилоидот, протеин кој создава абнормални чворови во мозокот кај луѓето со Алцхајмерова болест, што може да ги оштети клетките и да предизвика деменција, вклучувајќи проблеми со помнењето и размислувањето.

Во март 2019 година, меѓународните испитувања на Адуканумаб беа запрени во доцната фаза, во која беа опфатени околу 3.000 пациенти, кога анализата покажа дека ништо не е подобро, ако се дава како месечна инфузија, со забавување на влошувањето на меморијата и размислување од лажниот лек .

Но, подоцна истата година, американскиот производител Биоген анализираше повеќе податоци и заклучи дека поголемите дози на Адуканумаб значително го забавуваат когнитивниот пад.

Слични содржини