Америка на 11 мај ја укинува вонредната состојба воведена поради корона вирусот

од Radmila Tasevska

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денес соопшти дека на 11 мај ќе ја укине вонредната состојба прогласена поради епидемијата на Ковид-19, речиси три години откако земјата воведе сеопфатни мерки за борба и сузбивање на коронавирусот.

Во 2020 година, претходната администрација на претседателот Доналд Трамп воведе национална вонредна состојба поради корона вирусот и вонредна состојба во јавното здравство, потсетува Ројтерс.

Бајден постојано ги продолжуваше тие мерки.

Канцеларијата за буџетски менаџмент на САД во соопштение соопшти дека декларациите повторно ќе бидат продолжени до 11 мај, а потоа ќе бидат отповикани.

Слични содржини