Америка на пат кон ново задолжување: Дали Вашингтон ќе остане без пари?

од Stefanija Kuzmanovska

Законодавниот комитет на Претставничкиот дом го поддржа предлогот за привремено укинување на лимитот до кој САД можат да се задолжуваат, а за него ќе се гласа денеска во Долниот дом на американскиот Конгрес.

Предлог-законот во вторникот беше поддржан од седум членови на комисијата, додека шест беа против, во комисијата во која мнозинството се републиканци, пренесува „Ројтерс“.

Членовите на десното крило на Републиканската партија претходно најавија дека се противат на двопартискиот предлог за зголемување на лимитот на долгот од сегашните 31,4 трилиони долари, бидејќи истекува рокот по кој американската влада би можела да остане без пари за да ги исполни своите обврски.

Со оглед на тоа што републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом од 222 спрема 213, можно е да има повеќе членови од таа партија кои ќе гласаат против законот, па ќе биде потребна помош од демократите за да се донесе и поднесе до Сенатот на одлука, пренесува „Танјуг“.

Оваа мерка мора да биде усвоена од Конгресот до 5 јуни, во спротивно министерството за финансии би можело да остане без средства за плаќање на долговите за првпат во историјата на САД, што дополнително може да предизвика економски проблеми и во САД и во целиот свет.

Слични содржини