Америка нема нема да ги признае Талибанците како водачи во блиска иднина

од Vladimir Zorba

Соединетите држави нема да го признаат радикалното талибанско движење како нов водач на Авганистан во блиска иднина, изјави американскиот претседател Џо Бајден по враќањето во Белата куќа по викендот поминат во Вилмгинтон, Делавер.

На новинарско прашање пред Белата куќа дали САД ќе го признаат владеењето на Талибанците во Авганистан, тој рече дека нема и дека тоа е „многу далечна опција“.

Минатата недела, портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека американската администрација не брза да ги признае Талибанците како нови водачи на Авганистан.

Талибанците влегоа во Кабул на 15 август и за неколку часа целосно го зазедоа главниот град на Авганистан, потсетува ТАСС.

Тие сега го контролираат поголемиот дел од земјата.

Слични содржини