Америка со план како да и се одмазди на Русија за „Северен тек 2“ и Крим

од Vladimir Zorba

САД мора да го зголемат своето влијание на Медитеранот, велат политички аналитичари на порталот „Хил“.

Како што тврдат, на овој начин Вашингтон може да одговори на политичките и економските победи на Москва.

„Би било грешка да се дозволи американското влијание во регионот да ослабне, имајќи предвид дека Русија стана растечка закана“, објаснуваат експертите.

Обединувањето со Крим му го врати на Кремљ статусот на најстрашна сила во Црното Море, според авторите на статијата.

Тие, исто така, ја нагласуваат важноста на гасоводот „Северен тек 2“. Според американските експерти, зависноста на голем дел од Европа од рускиот гас потенцијално ја ослабува Алијансата.

Со цел да и се одмазди на Москва за нејзиниот успех на меѓународната сцена и да го потврди своето влијание во регионот, Вашингтон мора да формира конзистентна и долгорочна стратегија, посочуваат авторите на текстот. Тие им предложија на САД да го зголемат финансирањето на западните и јужните фронтови на НАТО.

Можно е со текот на времето, целото Средоземно Море да биде под единствена воена команда.

Во написот се наведува дека најамбициозниот дел од планот треба да биде долгорочното формирање на Алијанса „со цел да се постигне политички договор, да се поттикне трговијата, да се разменуваат ресурси и да се поддржат вредностите на кои Западот се придржува од Вашингтон до Анкара“.

Слични содржини