Америка соопшти кои се најлошите последици од изградбата на Северен тек 2

од Stefanija Kuzmanovska

Најлошиот исход за Вашингтон во однос на изградбата на „Северен тек 2“ би биле затруените односи со Германија, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Од наша гледна точка, најлош можен исход би бил да биде завршена изградбата на гасоводот, да се затрујат односите со Германија и земјата да остане без стимуланси да седне на преговарачката маса со цел да се ублажат сериозните негативни последици од гасот преку тој гасовод“, рече Блинкен на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат.

Според него, Германија сега седнала на преговарачка маса и САД активно учествуваат во работата со таа земја.

Државниот секретар претходно изјави дека американската администрација признава дека завршувањето на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ е всушност реалност, и затоа се фокусира на тоа како да ги поддржи интересите на Украина и на низа други Источноевропските земји во сегашната ситуација.

Сепак, тој исто така рече дека Соединетите држави ќе продолжат да работат на спречување на започнување на гасоводот.

Проектот „Северен тек 2“ подразбира изградба на две гранки на гасоводот, чиј вкупен капацитет ќе изнесува 55 милијарди кубни метри гас годишно, од брегот на Русија, преку Балтичкото Море, до Германија. Бројни европски компании учествуваат во изградбата на гасоводот.

Слични содржини