Американците денеска избираат нови членови на Конгресот на меѓуизбори

од Stefanija Kuzmanovska

Американците денеска избираат нови членови на Конгресот, односно целиот Претставнички дом и третина од Сенатот на меѓуизборите, кои се така наречени затоа што се одржуваат на половина пат од претседателскиот мандат на Џозеф Бајден.

Овие меѓуизбори затоа ќе бидат вистински референдум за актуелната администрација на претседателот, која се соочува со бројни предизвици во време на голема поларизација на американското општество, пренесува Би-Би-Си.

Анкетите покажуваат дека републиканците се во предност кога станува збор за Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот, додека изборот на членовите на Сенатот ќе биде понеизвесен, наведува британскиот јавен сервис.

Одлуката за тоа кој ќе го контролира Сенатот во следните четири години најверојатно ќе ја донесат гласачите во Пенсилванија, Џорџија и Невада.

Изборот на 435 членови на Претставничкиот дом и 35 сенатори на највисокото американско законодавно тело се одржува во атмосфера на нетрпеливост и јавни оценки дека партијата на актуелниот претседател би можела да ја изгуби контролата врз двата дома на Конгресот, пренесе „Гласот на Америка“.

Слични содржини