Американец купил огромен број на средства за дезинфекција и маски: Сега нема каде да ги продаде

од Nikola Popovski

Пандемијата на коронавирусот многумина ја сметаа за добра и брза можност да заработат пари. Пред да се рашири вирусот во таква мерка, тие се упатиле кон продавниците и масовно купувале средства за дезинфекција и маски за лице, а потоа ги продавале по повисока цена преку Amazon, eBay и слични страници.

Меѓу нив е и Ноа Колвин, кој пред две недели шетаал две илјади милји низ Тенеси и Кентаки со „пикап“ и го наполнил со илјадници шишиња средства за дезинфекција и антибактериски марамчиња.

Колвин брзо ги продал првите 300 шишиња на Amazon за цени помеѓу 8 и 70 долари. Амазон воведе ограничувања и најави казни за продавачите како Колвин, а поради зголемувањето на цените ограничувања воведе и eBay, кој забрани продажба на маски и средства за дезинфекција.

„Многу работи се сменија. Од ситуацијата да го ставам семејството во добра финансиска состојба, до моментот да размислувам што ќе правам со сите овие средства“, изјави Колвин за Њујорк Тајмс.

Му останале уште 17.700 производи и сега нема идеја каде ќе ги продаде. Тој е еден од илјадниците што се обидоа да заработат пари преку Интернет и сега е осуден за недостаток на емпатија за остатокот од општеството.

Слични содржини