Американец нападнал полицаец во Скопје, бил приведен поради дрога

од Берта Китинска

Вчера во 17.20 часот на ул.„Филип Втори Македонски” во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А.(34) од Скопје и Р.Е.В.(36) од САД затоа што при преглед кај нив биле пронајдени бела грутчеста материја и кафеава прашкаста материја. Тие биле приведени и притоа Р.Е.В. физички нападнал полициски службеник.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини