Американец освои 4 милиони долари на лотарија…по втор пат

од Vladimir Zorba

Што да направите кога ќе освоите четири милиони долари на лотарија? Американецот Марк Кларк го знае одговорот – купете нов билет за лотарија и освојте уште четири милиони долари.

„Кога играте лотарија, не ни помислувате дека ќе освоите мулти-милионски износ, а во одреден момент и дефинитивно не мислите дека ќе имате среќа двапати“, рече Марк Кларк од Саут Роквуд, Мичиген, по последната добивка во јуни и додаде дека му е тешко да изрази со зборови како се чувствува.

Кларк има 50 години, а среќата за прв пат го „погледна“ пред три години, пишува CNN.

Во тоа време работел на бензинска пумпа во Хадсон, Мичиген. Тој купил билет за лотарија и го изгребал бар-кодот. Таму пишувало да му се обрати на службеникот на местото на продажба, што тој го стори.

„Додека разговаравме, таа го изгреба остатокот од билетот за лотарија, а потоа таа ме погледна и ми рече: Марк, само што освои четири милиони долари!“, изјави тој.

Тој заминал кај неговите родители да ги сподели добрите вести со нив, и набргу потоа се пензионирал.

Неодамна, пензионираниот Кларк решил повторно да купи инстант тикет. Изгребал, одговорил на шалтер и … повторно шок – уште четири милиони долари.

„Јас го искористив билетот за лотарија со паричка што ми ја подари татко ми пред околу десет години. Ја изгубив пред една година, но успеав да ја најдам во куќата. Можеби тоа е мојата среќна монета”, изјави тој за списанието „Michigan Lottery“.

Кларк вели дека ќе се врати на мирен начин на живот, како што го водел досега.

„Пензија и риболов, тоа е тоа. Многу убаво време што ќе продолжам да го поминувам со мојот син и семејството. Одам на риболов со татко ми. Тоа е драго хоби за двајцата“, рече скромниот двоен победник од сума од 8 милиони долари.

Слични содржини