Американецот Роберт Кримо обвинет по седум точки за убиство од прв степен

од Stefanija Kuzmanovska

Американецот Роберт Кримо, уапсен под сомнение дека пукал од покривот кон граѓаните собрани на парадата по повод Денот на независноста на САД во предградието на Чикаго, е обвинет по седум точки за убиство од прв степен.

Јавниот обвинител на Илиноис, Ерик Рајнхард, рече дека доколку биде прогласен за виновен, осомничениот Роберт Е. Кримо (21) се соочува со максимална казна доживотен затвор без можност за условно ослободување.

Обвинителот рече дека ќе побара Кримо, кој беше уапсен во понеделникот, откако ѝ се предаде на полицијата, да остане во притвор без можност за плаќање кауција.

Слични содржини