Американката на која не ѝ беше дозволено да абортира на Малта пронајде друга опција (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

На Американката на која ѝ беше одбиено барањето за абортус во Малта, откако искусила симптоми на спонтан абортус, ѝ беше дозволено да отпатува во Шпанија и таму да ја прекине бременоста, изјави нејзиниот адвокат.

Андреа Пруденте (38), која била бремена во 16-та недела и била на одмор на Малта со својот партнер Џеј Велдреер, пред една недела доживеала симптоми на спонтан абортус.

Таа била примена во болница поради обилно крварење во 16-та недела од бременоста. Бебето беше добро, но жената ја изгуби плодовата вода ден или два подоцна. Новите прегледи покажаа дека плацентата е делумно одвоена од матката, но срцето се уште чука.

Им рекоа да дојдат за 48 часа. Третиот преглед потврдил дека плодовата вода ја нема и дека бебето нема да преживее, иако неговото срце сè уште чука, рече Велдреер. Поради грижата за здравјето на трудницата, парот побарал абортус кога станало јасно дека бременоста повеќе не е одржлива. Сепак, абортусот бил одбиен бидејќи Малта не дозволува абортус под никакви околности.

Лекарите одбиле да потврдат дека таа е способна за патување, но парот сè договорил преку нивното патничко осигурување, а Пруденте добила дозвола да лета до шпанскиот остров Мајорка.

-Осигурителната компанија го организираше превозот до Мајорка. Андреа сама се одјавила бидејќи здравствениот совет на Малта инсистирал таа да остане под надзор – изјавила адвокатката на парот Лара Димитријевиќ.

– Андреа минува низ психички тежок период. Но, овде во Малта на лекарите им се врзани рацете бидејќи според законот би направиле кривично дело со прекинување на бременоста – рече таа.

Двојката треба да отпатува со авионска брза помош подоцна денеска.

Малта е единствената земја од ЕУ која целосно го забранува абортусот.

Слични содржини