Американска држава „забрани“ продажба на електрични автомобили

од Vladimir Zorba

Законодавците во Вајоминг донесоа резолуција со која им препорачуваат на жителите на таа американска држава да купуваат автомобили со мотор со внатрешно согорување до 2035 година и исто така симболично да ја „укинаат“ продажбата на електрични возила до таа година.

Државниот секретар на Вајоминг ќе испрати копии од оваа резолуција до претседателот на САД, секој член на конгресната делегација на Вајоминг, претседателот на Сенатот на Соединетите држави, претседателот на Претставничкиот дом на Соединетите држави, гувернерот на Вајоминг и гувернерот на Калифорнија.

Според „ХАК“, целта на резолуцијата е еден вид протест до Калифорнија и другите американски сојузни држави кои најавија крај на продажбата на нови возила на бензин и дизел во 2035 година. Спонзорот на законот, државниот сенатор и републиканец Џим Андерсон, вели: „Ако не ви се допаѓаат нашите дизел автомобили, ние не ги сакаме ниту вашите електрични автомобили“.

Вајоминг исполнува 25% од БДП од дупчење нафта и рафинерии, па постоеше страв дека електричните возила можат да уништат важна гранка на економијата… Но, со оваа резолуција, Вајоминг сепак отиде предалеку и покажува колку е поделено американското општество.

Слични содржини