Американска наставничка бара од Роналдо 60 милиони поради „силување, претрпена болка и идно страдање“

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот модел, а сега наставничката, Кетрин Мајорга, бара 60 милиони евра од Кристијано Роналдо затоа што, како што тврди, била непресметлива кога се согласила на вонсудска спогодба со sвездата на светскиот фудбал?!

Во 2010 година, Мајорга од Роналдо зеде 350 илјади евра на име вонсудска спогодба по обвинувањата дека Португалецот ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас во 2009 година.

Сега таа тврди дека била непресметлива кога ја донела таа одлука и бара дополнителни 60 милиони – 20 за болката и менталното страдање што ги претрпела, 20 за идната болка и менталното страдање и исто толку за судски и други трошоци!

Поранешната манекенка тврди дека доброволно се согласила да оди во собата со Португалецот, но дека не сакала односи, сепак, а според нејзината приказна, тоа не го спречило Роналдо сексуално да ја злоупотреби.

Португалецот повеќепати негираше дека имало насилен секс со Мајорга.

– Цврсто ги негирам обвинувањата упатени кон мене. Силувањето е одвратно злосторство што се спротивставува на сè што сум и во што верувам – изјави Роналдо.

Обвинителството не поведе постапката бидејќи утврди дека „тврдењата на госпоѓица Мајорга не можат да се докажат без разумно сомневање“, па затоа таа мораше да поведе граѓанска парница.

Вкупната сума што Мајорга ја бара од Роналдо приближно одговара на неговата двегодишна плата во Јувентус.

И мајката на Роналдо проговори за инцидентот:

– Зошто таа отиде во неговата соба со него, да игра карти? – праша мама Долорес.

Слични содржини