Американската амбасада реагирала за македонското државјанство на Онишченко: „Прашаа како е можно да се случи“

од Nikola Popovski

Ако човеков се мешал во нивните избори и правел работи кои се надвор од законот, со кој очи ќе излеземе ние пред Американците и ќе кажеме од утре повторно да соработуваме. Или ќе го извлечеме до крај процесот на одговорност или нас нема да гледаат со исти очи ако не го направиме тоа. Нема да имаат доверба во нас, вели претседателот Стево Пендаровски за случајот со контроверзниот Украинец Олександр Онишченко и стекнатото македонско државјансво.

Пендаровски синоќа информира дека до него стигнала реакција и од Американската амбасада во земјава.

-Имаше до мене реакција, прашуваат како е можно ова да се случи. Лицата кои се на црна листа на САД се ставени на Интернет. Вие не треба ни формално да ги прашувате ЦИА и ФБИ дали лицата се под санкции. Тоа е јавно достапен податок, рече Пендаровски во емисијата „24 анализа“.

Претседателот истакна дека доколку првиот човек на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски е одговорен за случајот Онишченко, тој нема да оди амбасадор во Париз.

-Но, ако се покаже дека од луѓето во четирите сектори во АНБ, некој од нив е кабает, тој мора да биде сменет и да понесе одговорност, порача Пендаровски.

Слични содржини