Американската амбасада во Тирана апелираше до своите граѓани да избегнуваат излегување за време на изборите во Албанија

од Stefanija Kuzmanovska

Американската амбасада во Тирана ги предупреди своите граѓани кои живеат и работат во Албанија да бидат претпазливи во наредните денови, бидејќи постои сомневање дека може да се случат немири за време на изборите во недела на 25 април, пренесува „Економија онлајн“.

Соопштението испратено до американските граѓани во Албанија потсетува дека имало индивидуални инциденти за време на последните избори.

„Ова создава можност за можно насилство или други немири во недела, 25 април или во деновите по гласањето. Демонстрациите во еден град може да предизвикаат дополнителни митинзи во други области низ целата земја. Покрај тоа, сообраќајот во областа на амбасадата или околу поголемите центри на градот можат да бидат погодени од митинзи или протести, што ќе доведе до метеж или одложувања“, се вели во соопштението на Амбасадата на САД.

Амбасадата исто така препорачува американските граѓани да се држат настрана од граѓански протести каде што може да има насилство.

Слични содржини