Американската крајбрежна стража заплени дрога во вредност од рекордни 1,4 милијарди долари

од Stefanija Kuzmanovska

Американската крајбрежна стража во четвртокот објави дека запленила импресивни количини од околу 1,4 милијарди долари кокаин и канабис за време на неколку операции во Флорида.

„Ова е најголемиот истовар на нелегална дрога во историјата на крајбрежната стража“, рече командантот Стивен Полин на прес -конференција во Порт Еверглајдс, 45 километри северно од Мајами, и прецизира дека станува збор за околу 27 тони кокаин и речиси 650 килограми канабис.

„Овие заплени беа извршени од неколку единици на крајбрежната стража со помош на канадската морнарица и со воздушна поддршка на граничната полиција на САД“, рече капетанот Тод Венс.

Властите соопштија дека количината на запленетата дрога била двојно поголема од онаа што ја заплениле американските власти во 2020 година.

Слични содржини