Американски агенти на коњи камшикуваат мигранти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Американскиот секретар за внатрешна безбедност, Алехандро Мајоркас во средата (22 -ри септември) рече дека е „ужаснат“ од снимките на агенти на коњи на Граничната служба што малтретираат мигранти, кои се обидуваат да ја преминат границата во јужниот дел на Соединетите држави.

Снимки од агенти кои ги бркаат мигрантите на коњ, се направени во пограничниот град Дел Рио, Тексас. На нив се гледа и како тие ги камшикуваат

Овој град се соочува со прилив на илјадници Хаиќани кои се обидуваат да влезат во САД од Мексико.

Мајоркас за американската медиумска куќа Си -Ен -Ен изјави дека секое вознемирување или злоупотреба на мигранти е неприфатливо и нагласи дека е длабоко ужаснат од снимката што ја видел.

Сепак, тој директно не кажа дали снимките претставуваат малтретирање или злоупотреба, но вети дека ќе започне истрага.

„Тоа е спротивно на сите вредности кон кои се стремиме“, рече Мајоркас, кој најави дека неговото министерство ќе ја реши оваа ситуација со сите сили по завршувањето на истрагата.

Слични содржини