Американски државјанин во Украина обвинет за шпионажа, евакуиран во Полска

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот државјанин во Украина, кој беше обвинет за шпионажа и беше приведен од руските сили, е евакуиран во Полска со двајца членови на семејството, соопшти денеска приватна волонтерска група од Флорида, која обезбеди нивно ослободување.

Кирило Александров (27), заедно со сопругата Украинка и нејзината мајка, е последниот од над 600-те луѓе кои се ослободени во десетици вакви мисии од февруари, според проектот Динамо, пренесува „Ројтерс“.

Кирил Александров, родум од Мичиген, кој се преселил во Украина, беше уапсен со сопругата и нејзината мајка кон крајот на март во близина на јужниот украински град Керсон додека се обидувале да побегнат од регионот откако биле окупирани од руските војници.

Слични содржини