Американски функционер: Да оставиме коронавирусот да ги убие старите, болните и бездомниците (фото)

од Nikola Popovski

Еден функционер во северниот град Калифорнија е разрешен откако посочил на социјалните мрежи дека луѓето кои се болни, стари и без дом треба да бидат оставени да умрат по природен пат за време на пандемијата со коронавирус.

Членовите на Градскиот совет на Антиок, град со околу 110.000 жители, едногласно одлучиле во петокот навечер да го отстранат Кен Турнејџ Втори од местото претседател на градската Комисија за планирање, пренесува АП.

Турнејџ напишал на Фејсбук дека светот е „во нова фаза на колективен имунитет, што е добро“.

„Според мое мислење, ние треба да се прилагодиме на менталитетот на колективот. Колективот се собира и им овозможува на болните, старите и повредените да умрат од природна смрт“, рече тој.

Што се однесува до бездомниците, тој додал дека вирусот може да „поправи се што е значаен товар за општеството“.

Турнејџ подоцна ја избришал неговата порака на социјалната мрежа, но одбил да поднесе оставка и да се дистанцира од своите коментари.

За време на двочасовниот состанок на советот што се одржал преку апликацијата Зум, Турнејџ изјавил дека неговото лично мислење нема никаква врска со неговите должности како комесар за планирање, оценувајќи дека неговото разрешување би било повреда на слободниот говор.

Слични содржини