Американски функционер: Кина не ѝ дава материјална поддршка на Русија во војната во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

САД не забележале дека Кина обезбедува воена опрема за Русија, изјави вчера висок американски функционер. Тој го изјави ова мислејќи на мерките преземени од американското Министерство за трговија, кое во вторникот додаде пет кинески компании на црната трговска листа за наводна поддршка на руската воена и одбранбена индустрија.

Тој појасни дека преземените мерки се однесуваат на одредени кинески компании, а не на владата.

САД веќе предупредија за последиците, вклучително и санкции, доколку Кина понуди материјална поддршка на руските воени напори, но исто така изјавија дека допрва треба да ја откријат отворената воена и економска поддршка на Кина за Москва.

Како што изјави официјален претставник за „Ројтерс“ кој сакаше да остане анонимен, Кина не ѝ дава материјална поддршка на Русија, дури ни во форма на воена опрема.

„Не забележавме дека Народна Република Кина е ангажирана во систематско затајување или снабдување со воена опрема на Русија“, рече тој.

Поради агресијата врз Украина, САД заедно со своите сојузници одлучија да ја казнат Русија со додавање на голем број руски компании и олигарси на црната листа на трговијата.

Од друга страна, потсетува „Ројтерс“, Кина одби да ги осуди постапките на Русија, критикувајќи ги опсежните западни санкции против Москва.

Пекинг, исто така, објави дека не обезбедил воена помош за Русија или Украина, но дека ќе преземе „неопходни мерки“ за заштита на правата на своите компании.

Слични содржини