Американски генерал: До следното лето е можно ослободување на Крим

од Stefanija Kuzmanovska

Бен Хоџис, поранешен командант на американската војска во Европа, смета дека до летото следната година е можно ослободување на полуостровот Крим, кој сега е под руска окупација.

„Кога ќе ја разгледам состојбата, гледам дека ситуацијата во која се наоѓаат Русите се влошува секоја недела. Велат дека војната е тест на волјата и логистиката, а во двата аспекта Украина е далеку посупериорна“, изјави поранешниот командант за весникот „ФАЗ“, пренесе „Хина“.

„Русите мора да ја загубат војната, бидејќи во спротивно ќе се обидат повторно да војуваат за две или три години“, рече тој.

Според Хоџис, „единствената надеж“ на руското раководство е дека западните земји ќе се поколебаат кога станува збор за нивната поддршка за Украина.

„Значи, тие прават се што можат за да ја продолжат војната и да шират страв и несигурност на западот. Ќе им послужат секакви средства: младите луѓе што сега ги регрутираат како топовско месо, како и нападите на инфраструктурата на западот“, рече Хоџис.

„Верувам дека во наредните недели и месеци почесто ќе бидеме сведоци на вакви саботажи и напади, или барем обиди“, заклучи тој.

Слични содржини