Американски конгресмен: Ова што Бугарија ѝ го прави на С. Македонија е опасно и фрустрирачки и за САД

од Nikola Popovski

Демократскиот конгресмен од Северна Каролина, Дејвид Прајс смета дека однесувањето на Бугарија кон С. Македонија е опасно и фрустрирачки, не само за нашата земја, туку и за САД.

„Долго време ѝ се давани ветувања на Северна Македонија. Сега да се поставуваат нови препреки е особено фрустрирачки и за нашата држава, и се разбира за Северна Македонија“, рече Прајс во интервју за Гласот на Америка.

Тој прашува од каде дојдоа овие прашања за јазик и култура, и зошто оваа препрека се поставува токму во овој момент?

„Како некој што го следи ова доста време, преку нашата работа со Парламентот во Северна Македонија, морам да кажам дека Северна Македонија ги направи сите напори и делува со добра волја. Ова е најнепосакувана препрека толку доцна во процесот“, рече конгресменот и додава дека администрацијата на претседателот Џо Бајден верува оти Бугарија ќе делува со добра волја препреките да се отстранат брзо.

Слични содржини