Американски медиуми тврдат дека „жената лилјак“ учествувала во таен воен проект за коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Пекинг постојано ги негираше обвинувањата дека Институтот за вирусологија Вухан го создал и случајно го пуштил коронавирусот во светот во 2019 година. Д-р Ши Женгли, познат вируолог од Вухан, наводно била во контакт со двајца кинески воени научници, кои соработувале со неа на испитувањето на Ковид-19, тврди американскиот NBC News во својот извештај.

Кинеските медиуми ја нарекоа Ши „жена лилјак“ поради нејзините бројни студии за вирусот од лилјаци, а магазинот „Тајм“ ја вклучи во списокот на 100 највлијателни лица во 2020 година.

На почетокот на оваа година, Ши жестоко ги негираше тврдењата дека Институтот за вирусологија Вухан спроведува истражување со кинеската војска, откако Американците ја обвинија за спроведување ризични експерименти со коронавируси од лилјаци слични на САРС.

NBC ја поврзува д-р Ши со воениот научник Тон Јиганг во 2018 година и со Жоу Јусен, друг воен научник кој почина во 2019 година.

Медиумите го цитираат Дејвид Ашер, поранешен советник на Стејт департментот, кој рече дека е „сигурен дека кинеската армија финансирала тајна програма со коронавируси“. Во јануари 2020 година, Ашер работеше на градење извештај за активностите во рамките на Институтот Вухан.

Поранешниот советник тврди дека добил информации од странски научници кои биле во лабораторија, и кој наводно видел некои научници внатре облечени во воена облека. Институтот постојано изјавуваше дека оваа институција работи исклучиво за цивилни цели.

Извештај на американската NBC беше објавен една недела откако Ентони Фаучи, советник за здравство на Џозеф Бајден, побара од Кина да ги објави медицинските досиеја на девет лица, што може да расветли дали вирусот излегол од лабораторијата.

Овие извештаи се поврзани со тројца работници на Институтот, кои наводно се разболеле во ноември 2019 година и шест рудари на кои им се слошило откако влегле во пештерата со лилјаците во 2012 година. Научниците често ја посетувале пештерата за да земат примероци од лилјаци, а тројца од нив умреле во меѓувреме.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Фаучи рече дека сè уште верува дека вирусот преминал од животно на човек.

Интервјуто дојде откако Фаучи тврдеше дека „неодамнешните откритија кои сугерираат дека тој бил предупреден на почетокот на пандемијата дека Ковид-19 можеби бил „проектиран“, се извадени од контекст“.

Слични содржини