Американски новинар објави доверливи информации – многу важни за Ѓоковиќ

од Vladimir Zorba

Тенисерите ќе можат да настапат на Отвореното првенство на Австралија во 2022 година, дури и ако не се вакцинирани, тврди соопштение кое протече за првиот Гренд слем следната сезона, што може да биде клучен фактор во одлуката на Новак Ѓоковиќ.

Иако бројни членови на австралиските власти најавија дека нема да можат да стапнат на австралиско тло во јануари следната година лица кои не вакцинирани, протечените информации тврдат поинаку.

Американскиот новинар Бен Ротенберг објави електронска пошта испратена до тенисерите од Тениската асоцијација на Австралија, во која се наведува дека невакцинираните ќе можат да дојдат на Ози опен, но ќе мора да бидат во карантин 14 дена.
Истата судбина треба да важи и за мажите, па Новак Ѓоковиќ – кој се уште не откри дали бил вакциниран – ако сака ќе може да атакува на десеттата титула во Мелбурн.

Ова е и вест која сигурно ќе предизвика задоволство кај српскиот тенисер, бидејќи доколку не се сменат правилата, секој ќе може да избере дали ќе се вакцинира или не, што е нешто што тој го промовира од почетокот на пандемијата.

Во споменатата е-пошта е наведено дека вакцинираните ќе имаат значителни привилегии во однос на невакцинираните, бидејќи по пристигнувањето во Австралија нема да мора да бидат во карантин, нема да мора да влегуваат во никаков „балон“, туку ќе имаат комплетна слобода.

Треба да се напомене дека Тениската асоцијација на Австралија се огради со изјава дека таквите правила може да се променат доколку властите во Австралија, односно државата Викторија решат поинаку.

Сепак, вакцинираните ќе мора да имаат негативен тест за корона, кој не е постар од 72 часа, а засега не се знае точно низ каков карантин ќе треба да поминат невакцинираните.

Минатата година, тенисерите кои немале контакт со некој кој е позитивен можеа да го напуштат хотелот само за да тренираат, по неколку часа дневно, додека оние кои имале помалку среќа биле затворени во соби цели две недели.

Да потсетиме, Виктор Троицки тогаш мораше да помине низ пеколот бидејќи се наоѓаше во истиот авион со заразено лице кое не е поврзано со него.

Слични содржини