Американски сенатор се закани дека Ердоган скапо ќе плати за офанзивата во Сирија

од desk2

 

Американскиот Конгрес ќе направи напори турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган скапо да ја плати својата офанзива во Сирија против курдските сили, сојузници на Вашингтон, предупреди денеска влијателниот републикански сенатор, Линдзи Греам.

„Молете се за нашите курдски сојузници, кои срамно ги напушти администрацијата на Трамп“, напиша тој на Твитер.

„Ќе вложам напори во Конгресот Ердоган тоа многу скапо да го плати“, додаде овој сенатор кој вообичаено го поддржуива претседателот Трамп.

Слични содржини