Американски специјалист за инфективни заболувања: Пандемијата можe да добие цикличен карактер

од Nikola Popovski

Водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД, Антони Фаучи, изјави дека пандемијата на коронавирус што го погоди светот, може повторно да се појави и тоа во многу посилна форма, ако не се преземат неопходните мерки.

Фаучи, кој е раководител на Институт за алергиски и инфективни заболувања, и член на координатвното тело на Белата куѓа за борба со коронавирусот, на брифингот синоќа истакна дека вирусот се шири и во Јужна Африка и во други земји од Јужната хемисфера, каде сега настапува зима.

Според него, ако во тие региони дојде до голема пандемија на коронавирусот, тоа ќе биде јасен показател дека ширењето на вирусот може да добие цикличен карактер, и оти земјите од Северната хемисфера треба да бидат подготвени на втор циклус на епидемијата следната година.

Слични содржини