Американски тенисер позитивен на коронавирус, турнирот продолжува

од Vladimir Zorba

Американскиот тенисер Франсис Тијафо е позитивен на коронавирус. Тој го сподели ова со јавноста на Твитер потенцирајќи дека мора да се повлече од All-American Team Купот.

Споменатиот егзибициски турнир започна овој петок во Атланта, каде настапуваат најдобрите американски тенисери, во присуство на гледачи.

Веднаш следниот ден се случи еден од играчите да биде позитивен.

– За жал, јас сум позитивен за коронавирус и морам да се повлечам од овој специјален турнир. Тренирав во Флорида изминатите два месеци. Минатата недела бев тестиран и резултатот беше негативен, рече Тијафо.

Но турнирот нема да биде откажан, туку продолжува понатаму. Тијафо повеќе нема да биде таму, тој оди во изолација, но само тој и никој друг.

Слични содржини