АМЕРИКАНСКИ ВЕСНИК ОБЈАВИ ЕКСКЛУЗИВЕН ИЗВЕШТАЈ: Немирите во Америка планирани со месеци!

од Stefanija Kuzmanovska
Припадници на екстремното левичарско движење „Антифа“ во САД започнаа да планираат бунт против тамошните власти пред неколку месеци, наведува „Вашингтон Тајмс“.
Немирите низ целата земја требаше да бидат предизвикани уште во ноември, во времето кога навистина започна кампањата за годинашните претседателски избори во САД, се вели во весникот во ексклузивниот извештај, повикувајќи се на тврдења на службеник за спроведување на законот, кој има пристап до разузнавачки информации за мистериозната групација.

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, се случија насилни демонстрации и грабежи ширум САД, а „Антифа“ – чии активисти се раширија меѓу демонстрантите – сега интензивно го испитуваат истражителите, наведува весникот.

Коментирајќи ги тврдењата на неименуван службеник, аналитичарите посочуваат дека ваквиот потег на „Антифа“ би бил целосно во согласност со неговиот карактер.

„Дејствата на „Антифа“ претставуваат остро прекинување на долгата традиција на мирни политички процеси во САД, а нејзината марксистичка идеологија настојува не само да влијае на изборите на краток рок, туку и да ја уништи употребата на изборите како одредувачки фактор за политички легитимитет“, вели аналитичар.

Друг соговорник на „Вашингтон Тајмс“ тврди дека изборот на Доналд Трамп за претседател и заживување на САД претставуваат закана за „нихилистичките цели“ на „Антифа“, која, според него, поттикнува насилство за да создаде хаос и очај и да доведе до пораз на Трамп на претседателските избори.

Самиот Трамп ја опиша „Антифа“ како една од групациите кои стојат зад насилните протести, а советникот за национална безбедност на Белата куќа Роберт О’Брајан изјави дека американските официјални претставници барале повеќе разузнавачки податоци за активностите на таа група во светлина на настаните кои се случиле во минатите денови, се наведува во весникот.

Слични содржини