Американскиот амбасадор во Белград во разговоро со Вучиќ побарал Србија да се однесува одговорно

од Destan Jonuzi

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со американскиот амбасадор во таа земја Кристофер Хил, кој „од него побара Србија да се однесува одговорно, сериозно и да не учествува на кој било начин во загрозување на регионалниот мир и стабилност“, објави Претседателството на Србија.

Во соопштението, како што пренесува Бета, се наведува дека Вучиќ во „долг и содржаен“ телефонски разговор на американскиот амбасадор му ја објаснил позицијата на Србија . Исто така, се посочува дека Вучиќ рекол дека „Србија е посветена на почитување на меѓународното јавно право и сите потпишани договори, но дека Србите од северно Косово „се ужаснати од разрешувањето на директорот на Регионалната дирекција на полицијата за регионот Север Ненад Ѓуриќ, и сите прашања поврзани со регистарските таблички и по стоти пат шокирани од повторените изјави дека меѓународното право, Бриселскиот договор и Заедницата на српските општини за нив не постојат“.

Вучиќ денеска разговарал и со амбасадорите на Кина и Русија во Белград, Чен Бо и Боцан Харченко, кои, како што се наведува, ги информирал за безбедносната состојба во Косово и притисоците со кои се соочуваат Србите и Србија.

Слични содржини