Американскиот амбасадор во БиХ: Го предупредив Додик за потенцијалните последици

од Nikola Popovski

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Ерик Нелсон, рече дека му укажал на членот на српското претседателство, Милорад Додик за потенцијалните последици од непочитување на Дејтонскиот договор, како ги гледа истите на економски план, заминувањето на младите луѓе и „преку нови санкции“.

Нелсон тврди дека  во средата имал искрен разговор со Додик.

“Јас го пренесов ставот на САД дека територијалниот суверенитет и интегритет мора да се почитуваат, Дејтонскиот договор мора да се почитува и дека ултиматумот и блокадите не се добар начин на функционирање. Разговарав со него за потенцијалните последици, преку нови санкции “, посочи тој во интервју за БХТ1.

Тој рече дека дејтонскиот Устав е добра почетна точка, но рече дека се потребни измени и ќе продолжат на патот на Босна и Херцеговина кон евроатлантските интеграции.

„Сите се согласуваат дека компромисот е тежок и дека тоа е голем предизвик, но проблемите мора да се решат преку институциите на државата, а Уставниот суд на Босна и Херцеговина е столб на државата и мора да функционира слободно“, рече Нелсон.

Слични содржини