Американскиот амбасадор во Москва повикан на разговори поради „мешање во руските избори“

од Nikola Popovski

Амбасадорот на САД во Русија бил повикан на разговор за да му се претстават „непобитни докази“ за прекршувањата извршени од американските дигитални компании во пресрет на парламентарните избори во Русија, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи.

„Тој беше повикан само од една причина – мешање во изборите во Русија“, објави Марија Захарова на својот профил на Телеграм.

Во посебно соопштение објавено на веб -страницата на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американскиот амбасадор Џон Саливан разговарал на 10 септември со заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков.

„За време на состанокот, беше истакнато дека руската страна има непобитни докази за прекршување на руското законодавство од страна на американските дигитални гиганти во врска со подготовката и одржувањето на изборите за Дума“, се вели во соопштението.

Во соопштението се додава дека американскиот дипломат добил инструкции дека „мешањето во внатрешните работи на Москва е апсолутно недозволиво“.

Слични содржини